× Почетна Производи За нас Нашиот тим Нашата мисија Контакт

Јачината и стабилноста на успехот се мерат споеред тоа колку напор, упорност и храброст се инвестирани.

Во 2008 година, кога го основавме Cards Print, бевме свесни за големиот предизвик пред нас. Но, имавме јасно дефинирана цел - да креираме стабилен и успешен тим од луѓе кој може да понуди решенија кои ќе им помогнат на клиентите да гo подобрат своето работење.

Започнавме со претставување на многубројните можности кои пластичните картички и врвките ги нудат. Ги слушавме потребите на клиентите и заедно креиравме нови решенија. Благодарение на тие решенија, чекор по чекор успеавме да го прошириме бизнисот. Денес, нашата компанија овозможува различни иновативни решенија за идентификација и безбедност. Покрај картичките и врвките кои и понатаму се нашите главни производи, нудиме и различни додатоци за идентификација, акредитации, USB конектори, VIP алки, RFID системи, читачи за картички и печатачи.

Нашите клиенти најчесто се компании кои согледале дека полека ги губат своите вообичаени купувачи, но исто така и успешни компании кои сакаат да имаат силен бренд и целосна доверба од страна на клиентите. Сепак, нашите главни клиенти се компании кои не сакаат нивните вработени да потрошат многу време и пари во барање каде, како и од кого можат да ги добијат производите кои им требаат. Наша цел е да понудиме комплетни решенија обезбедувајќи ги сите неопходни производи и услуги на едно место. Го покриваме целиот процес - од дизајн и подготовка, до изработка и брза достава, со техничка поддршка достапна 24/7.

10-годишното искуство и искрената комуникација со нашите клиенти ни помогна да се увериме дека ги применуваме вистинските клучни елементи во нашето работење, што не носи во правилна насока. Високо квалитетните производи, брзата и точна испорака, грижата за клиентите преку постојано достапна техничка поддршка, посветениот и квалификуван тим, придонесуваат за квалитетната услуга која ја нудиме, а која е основата на нашето работење.

Ние ги исполнуваме зацртаните цели преку соработката со бројни клиенти, но истовремено така и поставуваме нови цели. Ова нѐ поттикнува постојано да се развиваме и да работиме напорно за да ја оправдаме довербата на нашите клиенти, кои се обраќаат кај нас како на компанија препознатлива по стабилност, посветеност и добри решенија.