× Почетна Производи За нас Нашиот тим Нашата мисија Контакт
Визит-карти

Зошто пластични визит-карти?

  • Ве истакнуваaт пред другите
  • Оставаат силен впечаток
  • Издржливи се и отпорни на оштетување

You can download card specification here cp_spec

Сигурно Ви е познато чувството кога ќе запознаете некого, но нема да го запомните ниту неговото име. Потоа ќе сакате да воспоставите комуникација, но Ви е непријатно да признаете дека сте го заборавиле името на Вашиот соговорник. Се чувствувате уште понепријатно кога сакате да развиете деловен однос, но сфаќате дека не Ве запомниле.

Во овој случај, впечатлива визит-карта е вистинското решение за Вас.

Која е првата работа што ја правите кога добивате обична визит-карта од личност што ќе ја запознаете на деловен состанок, семинар или конференција? Ја ставате на местото каде што ги чувате сите други визит-карти? А што прават луѓето со кои се запознавате со Вашата визит-карта? Најверојатно, истото!

Зарем не е добро да имате нешто што ќе Ве истакне од толпата?

Впечатливата визит-карта е добар почеток за разговор.

Добро дизајнираната и добро изработена визит-карта е решение кое остава убав впечаток за Вас и Вашата компанија. Таа е Вашата алатка која ќе ги насочи вниманието и комуникацијата токму онаму каде што сакате. Колку пластичните визит-карти можат да претставуваат инспирација покажува и тоа што можат да бидат направени од специјален тип на проѕирен материјал, што ги прави исклучително впечатливи. Ова Ви дава уште поголем простор за креативност. Со конкретни детали и соодветен дизајн, ваквите картички ќе Ве направат незаборавни. Во зависност од типот на ламинација, постојат два различни ефекти за проѕирните картички:

• Мат ламинација, леден ефект - површината на картичките изгледа како пескарено стакло;

• Сјајна ламинација, чист ефект - картичките се карактеризираат со висока проѕирност и чист сјај.

Нарачајте веднаш