× Почетна Производи За нас Нашиот тим Нашата мисија Контакт
КАЗИНО БОНУС КАРТИЧКИ

Зошто Казино бонус картички?

  • Следете ги навиките на играчите
  • Поедноставен начин на исплата
  • Зголемете ја довербата кај играчите преку програмата за лојалност
  • Поедноставена верификација на идентитетот и возраста кај играчите
  • Безбедност на податоци (чипираните и RFID картички не можат лесно да бидат ископирани)

  • Картички за следење на играчот
  • Картички без готовина
  • NFC картички
  • RFID картички
  • Картички за членство
  • Клуб картички
  • Картички за лојалност
  • Картички за подароци
  • Грепки
  • Бизнис картички
  • Паметни картички
  • Магнетни картички

You can download card specification here cp_spec

Во светот на обложувањето, предизвикот е клучен елемент којшто нѐ мотивира да ги провериме и поместиме сопствените граници. Играчите се предизвикани постојано да играат понатаму, на следното ниво, а Вие сте предизвикани да ги исполните очекувањата како на играчите, така и на самиот бизнис. 

Пластичните smart казино картички со имплементирана RFID технологија, контактен чип, или магнетна лента, можат да бидат вистински jackpot.

Направете овие картички да бидат дел од задолжителната програма за членство и да служат како идентификациски картички без кои играчот не може да влезе во казиното или да игра. Картичките можат да се користат за верификација на идентитетот и возраста на играчите. Благодарение на нив, лесно ќе можете да ги следите навиките и барањата на играчите - за кои апарати и игри имаат најголем интерес, каде се подготвени да вложат најмногу пари и сл. Ова ќе Ви помогне да ги направите вистинските потези за Вашиот бизнис со цел да го оптимизирате.

Картичките се мошне практични за играчите. Нудат флексибилност бидејќи со нив сите плаќања и исплати стануваат брзи и едноставни. Играчите можат секогаш да имаат јасен увид во статусот на нивната картичка, колку поени имаат собрано и колку пари имаат. 

Понудете им на Вашите потрошувачи различни можности и бенефиции како дел од програмата за лојалност. Со овие картички, корисниците можат да собираат бонуси и поени кои можат да ги искористат за други производи кои ги нудите (пијалак, вечера, забава, шопинг, итн.). Картичките и собраните поени би можеле да се искористат само во рамките на Вашиот бизнис, што гарантира дека играчите ќе дојдат кај Вас, а не кај Вашите конкуренти. 

Како благодарност за довербата, преку ѕmart картичките вклучете ги играчите во програмата за одговорно обложување, поставете лимити за потрошено време на апаратите, или поставете ограничување на влогот.

Во зависнот од потребите на клиентите, на пластичните картички можете да имплементирате различни типови на технологии.

Контактен чип

Бесконтактен чип

Магнетна лента

Нарачајте веднаш