× Почетна Производи За нас Нашиот тим Нашата мисија Контакт
Семејни картички

Зошто семејните картички се добро решение:

  • ќе заштедите пари и ресурси
  • поттикнува купување од повеќе клиенти одеднаш
  • го градите брендот во свеста на вашите потрошувачи
  • секогаш им се при рака на корисниците

Лојалноста на купувачите можете да ја зајакнете на многу начини од кои голем дел веќе сигурно ги користите. Но, она што дополнително ве поврзува со купувачите е чувството дека ги познавате и се грижите за нив.

Еден начин да го направите ова е со користење на семејни картички за лојалност. Овие картички се направени од повеќе мали картички кои се поврзани во една целина, па со едно решение добивате неколку сигурни купувачи истовремено. На овој начин заштедувате ресурси, а корисниците ги охрабрувате да пазарат кај вас, бидејќи така целото семејство добива бенефити на една заедничка сметка.

Од друга страна, семејните картички се практични бидејќи може да се закачат за приврзок за клучеви. На овој начин се намалува можноста од заборавање на картичката бидејќи секогаш ќе им биде при рака и секојдневно ќе ги потсетува на вашиот бренд.

Нарачајте веднаш