× Почетна Производи За нас Нашиот тим Нашата мисија Контакт
КАРТИЧКИ ЗА ПОДАРОЦИ

Зошто треба да вклучите картички за подароци како опција за Вашите купувачи?

  • Нудат флексибилност и бројни можности за купувачите
  • Гарантираат задоволни купувачи кои се враќаат
  • Ја зголемуваат продажбата

 

Формуларите се првиот чекор во процесот на отворање специфична програма за користење на картички. Покрај обезбедувањето на потребните лични податоци за корисникот, тие може да ви дадат важни информации за вашата маркетинг стратегија. Ќе можете навремено да ги известувате клиентите за промоции, бенефити или за лансирање на нов продукт.

Етикетите за баркодовите се дизајнирани како решение кое го забрзува процесот на пристапување кон одредена програма. Со користење на етикети кои се префрлаат од картичката на формуларот, се намалува можноста за заменување или губење на картичката на корисникот. Им заштедува време на вашите вработени кои не треба да бараат и споредуваат баркодови со куп картички и формулари за да се осигураат дека му ја даваат точната картичка на правилниот клиент.

За да се заокружи целото решение, во нашата понуда вклучивме и држачи за картички. Уникатниот дизајн и брендирање можат да го следат и рефлектираат имиџот на вашата компанија и на правилен начин да ги пренесат вредностите до потрошувачите.

You can download card specification here cp_spec

Колку често се случува да дојдат купувачи во Вашата продавница и да не знаат што да изберат за подарок? Разгледуваат, се распрашуваат за производите, но и покрај сите обиди на вработените, си заминуваат без да купат.

Пластичните картички за подароци го решаваат овој проблем!

Овие картички содржат одредена парична вредност која нивниот сопственик може да ја искористи за било кој производ во Вашата продавница. Ваквиот подарок овозможува голема флексибилност поради можноста за избор. Корисникот избира што и кога ќе купи.

Картичките можат да се искористат само во Вашата продавница, што Ви гарантира сигурни купувачи.

Нарачајте веднаш