× Почетна Производи За нас Нашиот тим Нашата мисија Контакт
Картички за лојалност

3 причини зошто да вклучите картички за лојалност:

  • Ја зголемуваат продажбата
  • Ги зајакнуваат деловните односи и репутацијата на компанијата
  • Потрошувачите се склони кон бизниси кои покажуваат дека се грижат за нив

 

Формуларите се првиот чекор во процесот на отворање специфична програма за користење на картички. Покрај обезбедувањето на потребните лични податоци за корисникот, тие може да ви дадат важни информации за вашата маркетинг стратегија. Ќе можете навремено да ги известувате клиентите за промоции, бенефити или за лансирање на нов продукт.

Етикетите за баркодовите се дизајнирани како решение кое го забрзува процесот на пристапување кон одредена програма. Со користење на етикети кои се префрлаат од картичката на формуларот, се намалува можноста за заменување или губење на картичката на корисникот. Им заштедува време на вашите вработени кои не треба да бараат и споредуваат баркодови со куп картички и формулари за да се осигураат дека му ја даваат точната картичка на правилниот клиент.

За да се заокружи целото решение, во нашата понуда вклучивме и држачи за картички. Уникатниот дизајн и брендирање можат да го следат и рефлектираат имиџот на вашата компанија и на правилен начин да ги пренесат вредностите до потрошувачите.

You can download card specification here cp_spec

Тајната на успешното тргување лежи во тоа колку добро ги познавате Вашите купувачи и нивните навики за купување, но и начинот на кој реагирате на нивната доверба и лојалност.

На кој начин ги наградувате лојалните купувачи и дали добиваат поинаков третман од оние кои доаѓаат во Вашата продавница само повремено?

Кога купувачите се двоумат дали да купат нешто, понудете им картичка за лојалност, направете да се почувствуваат посебно и охрабрете ги да дојдат повторно кај Вас.

Осмислете атрактивни поволности кои следуваат само со картичките за лојалност. Собирањето на поени со секое купување, како и различните попусти, ги претвораат потенцијалните купувачи во задоволни потрошувачи кои секогаш ќе се враќаат кај Вас. Пазарењето во вашата продавница со картичките за лојалност повеќе нема да креира чувство на трошење пари, туку чувство наприближување еден чекор поблиску до награда.

Нарачајте веднаш