× Почетна Производи За нас Нашиот тим Нашата мисија Контакт
Хотелските клуч картички

Предности на хотелските клуч картички

  • ви овозможуваат лесна и сигурна контрола на пристапот
  • го забрзуваат процесот на пријавување
  • ја намалуваат можноста за злоупотреба на клучевите
  • им овозможуваат на гостите едноставна и повеќенаменска употреба низ хотелот
  • секогаш ви се при рака и се лесно достапни за гостите на хотелот

Хотелските картички најчесто се првиот брендиран предмет кој гостите го гледаат при пристигнувањето во вашиот хотел. Овие картички придонесуваат за беспрекорен и пријатен престој на вашите гости бидејќи им овозможуваат едноставен пристап до нивната соба, користење на различни услуги и удобности како што се спа програма, плажа или игра во казино и во хотелскиот клуб итн.

Покрај тоа што го олеснуваат и забрзуваат процесот на пријавување и одјавување на гостите, хотелските клуч картички и вам ви овозможуваат лесна и сигурна контрола на пристапот. Дури и ако се изгубат или бидат украдени, веднаш можете да ги деактивирате и да издадете нови клуч картички. На овој начин спречувате било каква злоупотреба и непријатности, но и се спасувате од дополнителен трошок за смена на брава и изработка на нови клучеви.

Хотелските клуч картички се многу практични, можат да се чуваат во паричник или на приврзок и да им бидат на дофат на гостите во секое време.

Иако клуч картичките се најпознатиот дел од хотелските решенија, пластичните картички имаат и други намени. Може да ги користите како дел од вашата програма за лојалност, за резервација на крпи или за прстап до гаража, паркинг итн.

Нарачајте веднаш