× Почетна Производи За нас Нашиот тим Нашата мисија Контакт

Како компанија која пробува да најде решение за потребите на клиентите преку разговори со нив, настојувавме да воведеме една многу важна алатка за подобрување на работењето на малопродажната индустрија и пошироко.

Знаеме дека заштедата на време и ресурси е клучен елемент за успехот на еден бизнис, и затоа се потрудивме на едно место да собереме сè она што може да ви е потребно за подобро и поефикасно функционирање на програмите за лојалност и подароци.

Ефикасните пластични картички ги поврзавме со софтверско решение за програмите за лојалност и подароци, и плус додадовме формулари, баркод налепници, држачи и пакувања за картичките, како и штандови за картички. Целта на дополнителната опрема е олеснување на процесот на доделување на картичките, нивното истакнување и брендинг. Кога ќе се поврзе сè ова заедно, ваквите дополнителни елементи им оставаат впечаток на клиентите дека сте динамична и креативна компанија која се грижи за нив и која сака да ѝ се вратат.